Брендот сладоледи Ledo покрена „ретро“ натпревар преку кој потрошувачите ќе изберат кој од легендарните сладоледи од нивното детство и младост повторно ќе се „врати“.
Во натпреварот учествуваат три Ledo сладоледи, и тоа: Bubi, Njofra и Top Mix.
Bubi беше препознатлив по вкусот на гума за џвакање, Njofra е сладолед од ванила прекриен со корнфлекс, а Top Mix е комбинација од сладолед и овошје.
Потрошувачите ќе изберат кој е победникот, со гласање на страницата на Ledo до 1 февруари. Објавувањето на победникот е најавено за 4 февруари.
Уште еднаш покажуваме дека се обидуваме да одговориме на потребите на потрошувачите, па токму поради нив во асортиманот враќаме еден од трите омилени и посакувани вкусови, соопштија од Ledo.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.