Регион

Биотехничкиот факултет од Бихаќ и „МС-Алем“ развија омега-3 говедско месо

14 Jan 2021

Нов производ на омега-3 говедско месо наскоро ќе се најде во продажните објекти на месната индустрија „МС-Алем“.

Тоа е функционален производ или говедско месо збогатено со есенцијални омега-3 масни киселини кои имаат голем број позитивни ефекти врз здравјето на луѓето, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Биотехничкиот факултет во Бихаќ.

Омега-3 говедското месо како производ со ограничена серија е создаден со заеднички активности на Биотехничкиот факултет на Универзитетот во Бихаќ, месната индустрија МС-Алем“ и Центарот за развој на исхраната „Емона РЦП“ -Љубљана, преку проектот „Моделирање на составот на масни киселини од говедско месо преку исхраната“, финансиран од Федералното Министерство Образование и наука на Владата на ФБиХ.

Со овој проект преку исхраната на говедата со посебно припремен концентат во чиј состав има семе од лен, произведовме говедско месо со нутриционистички поволен состав на масни киселини. Вака произведеното месо има поволен однос на омега-6 и омега-3 масни киселини во споредба со говедата гоени на традиционален начин, се наведува на веб-страницата на факултетот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...