Регион

Нов генерален директор во „Нектар“

09 Dec 2020

Ненад Мишчевиќ е нов генерален директор на групацијата „Нектар“, најголем преработувач на овошје и зеленчук и производител на сокови во југоисточна Европа. Тој стапи на функција на 1 декември.

Во рамките на „Нектар“ работат компаниите “Нектар“, „Хеба“ и „Фруктал“.  

Мишчевиќ се приклучи на „Нектар“ од позицијата генерален директор на мултинационалната компанија „Пепсико“ за јужно-централна Европа и Балтикот. Има повеќе од 15-годишно искуство на клучни раководни позиции. Имал значителна улога во поставувањето високи стандарди во резултатите на продажбата, воведување иновации и успешно остварување продажни и деловни стратегии. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград. 

Како што наведуваат од компанијата, со своето богато професионално искуство Мишчевиќ ќе придонесе за нов циклус развој на „Нектар“ и кон натамошно јакнење на лидерската позиција и експанзија на компанијата. 

„Нектар“ има над 110 милиони евра годишен промет, шест производствени погони во три земји, 1.300 вработени и извоз во повеќе од 60 земји во светот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...