Регион

Ledo оваа година лансираше 32 нови производи

07 Dec 2020

Во последните 12 месеци, понудата на Ledo е проширена со 12 производи во асортиманот смрзната храна и 20 производи во асортиманот на сладолед, при што дури 9 производи беа претставени внатре во линијата на King сладоледите. 

Оваа линија беше беше проширена со King-чашките, со што брендот излезе надвор од категоријата сладоледи на стапче. Со истиот производ Ledo ја освои престижната награда „Red Dot” за дизајн на производ.

Драго ни е што во најпредизвикувачката година досега со своите производи успеавме да останеме иновативни, што, освен задоволството на нашите купувачи и потрошувачи, го потврдуваат и наградите што ги освоивме. И натаму ќе продолжиме да ги претвораме креативните идеи во висококвалитетни производи кои предводат со своите технолошки решенија и иновации, соопштија од компанијата. 

Lino Lada сладоледот, пак, го доби признанието „Златна кошничка“ и беше прогласен за најдобар производ во годината. Овој сладолед, кој настана во соработка со „Подравка“, минатата година беше прогласен за најдобар сладолед во светот од страна на Меѓународното здружение на производители на сладолед (IICC). 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...