Сопственици на пиварницата и дестилеријата „Семизбург“ од Семизовац во близина на Сараево одлучија да ја стават Босна и Херцеговина на мапата со производители на виски.
Вискито во основа е ракија која треба да се подготви од одредени состојки и со посебна технологија која вклучува созревање во дабови буриња. Не гледам причина зошто и ние во БиХ не би успеале во тоа што го прават Шкотите или кој било друг, истакна сопственикот на дестилеријата, Харис Пикњац.
Дестилеријата почна со продажба на вискито Bos Taurus од 13 ноември. Од компанијата очекуваат вискито да се продава во сите поголеми маркети и во угостителските објекти.
Во моментов дестилеријата произведува Single Malt, направен само од јачмен и Rye Malt, мешавина од засладен ’рж и додаток на јачмен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.