Регион

„Бинго“ и „Холдина“ се меѓу 100-те најголеми во Југоисточна Европа

10 ное 2020

Најголемиот трговски синџир во БиХ, компанијата со седиште во Тузла, „Бинго“ и „Холдина“ од Сараево, која продава нафта и нафтени деривати, се на списокот на 100 најголеми компании во Југоисточна Европа оваа година, според извештајот на ТОП 100 ЈИЕ објавен од SeeNews.

„Бинго“, кој за првпат се најде на списокот, е на 91-то место со вкупен приход од 636 милиони евра. Тоа е зголемување во споредба со минатата година, кога приходот изнесуваше 569 милиони евра.

„Холдина“ - Сараево напредуваше од минатогодишното 94 место на 81-то место.

Приходите на 100-те најголеми компании во Југоисточна Европа лани изнесуваа 129,3 милијарди евра, што е за 2,3% повеќе од приходите остварени една година претходно. Во исто време, профитот на најголемите компании во регионот во 2019 година падна на вкупно 4,7 милијарди евра, од 5,7 милијарди евра колку што беше претходната година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...