„Сапониа“ оствари нето-добивка од 5,08 милиони евра во првите девет месеци, што е за 3,5 пати поголема отколку во истиот период минатата година, кога изнесуваше 1,45 милион евра.
Оперативните приходи на компанијата изнесуваат 52,47 милиони евра, што е за два процента повеќе од минатата година. Поголемиот дел од приходите се приходи од продажба, од кои 43% се реализирани на странските пазар.
Од „Сапониа“ истакнаа дека во динамичното деловно опкружување беше креирана стратегија за агилен бизнис со фокус на профитабилните процеси на продажба и поддршка на тие процеси со потребните ресурси. Сите други ефекти во синџирот на вредности се минимизираат со нивото на „ладен погон“. Акцентот на профитабилна производна програма и можноста да се приспособат на новата ситуација резултираа со значителен пораст на профитот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.