Компанијата „Виолета“, и здружението за борба против рак на дојка „Борка - за секој нов ден“ покренаа заедничка акција за да ја помогнат битката против болеста.
Секој што ќе го купи Violeta Pink Sunshine омекнувачот, донира по 10 денари на здружението „Борка“. Кампањата ќе трае до 31 октомври, под хаштагот #breastcancerawareness. Нека овој производ биде целогодишен потсетник за важноста на самопрегледите и редовните контроли кои се клучни во навремено откривање и превенција на најголемиот непријател на жената, порачаа организаторите.
„Виолета“ омекнувачите ги креираме со посебно внимание и љубов и притоа ги бираме најдобрите француски стручњаци за парфеми и за нега на облеката. Зад секој наш производ има приказна-овојпат приказната е насочена кон оние на кои им е потребна, а тоа се жените заболени од карцином на дојка. Violeta pink sunshine omekšivač со розова врвка е тука за да не потсети колку е важно да се грижиме едни за други, велат од „Виолета“.
Кампањата се спроведува на регионално ниво. Од продажбата на секој Violeta Pink Sunshine омекнувач, освен на „Борка“, „Виолета“ ќе донира парични средства за помош на работата и на здруженијата „Тинк Пинк“ од Босна и Херцеговина, „Европа Дона“ од Хрватска и „Европа Дона“ од Словенија. Крајната цел е да им се помогне на здруженијата за борба против карциномот и да се укаже на важноста од превенција и рано откривање на болеста.
Од здравствен аспект, важно е да се знае дека омекнувачите на „Виолета“ се произведени без формалдехид, нагласуваат од компанијата. Опасниот и канцероген формалдехид ги штити козметичките и производите за домаќинство од бактерии, но ги иритира дишните патишта и може да влијае врз предизвикувањето на асма, дерматитис, главоболки и проблеми со очите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.