Македонија

Во август: 33.538 денари за минимални потреби на едно семејство

09 Sep 2020

Вкупно 33.538 денари е вредноста на синдикалната минимална кошница за август годинава. Тоа биле потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки…

Податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за врeдноста на синдикалната минимална кошница, покажуваат дека најголем дел од средствата се трошеле на исхрана и пијалаци 41,81 отсто или 14.022,45 денари. Потребите за домување биле 10.780 денари или 32,14 отсто, за хигиена според минималната синдикална кошница биле потребни 2.366,04 денари, за превоз 2.466,69 денари, за облека и обувки 2.118,95 денари.

За култура во август едно домаќинство одвоило 1.066,79 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето 716,20 денари или 2,14 отсто.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...