Македонија

ДЗС: Пад од 12,7 отсто на БДП во вториот квартал

07 сеп 2020

Домашниот бруто производ (БДП) во вториот квартал забележа пад од 12,7 отсто, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).

Според објавените податоци во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите „земјоделство, шумарство и рибарство“ од 4,5 отсто,„ јавна управа и одбрана“; „задолжително социјално осигурување“, „образование, дејности на здравствена и социјална заштита“ од 2,2 отсто и „информации и комуникации“ од 0,9 отсто.Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 70,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намалил за 32 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30,2 отсто.

Во првиот квартал, пред да почне корона-кризата во март, БДП забележа раст од 0,2 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...