Македонија

ДЗС: Намален прометот во трговијата на мало

01 Sep 2020

Во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули минатата година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 5,1 отсто, а реално за 8,2  отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 6,9 отсто, а реално за 6,8 отсто и трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 6 отсто, а реално за 7,5  отсто и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 37,9 отсто, а реално за 29,3 отсто. Ова е уште еден во низа падови откако беше забележан пад од 9,5 проценти на индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани регистрира Државниот завод за статистика. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани индустриското производство е намалено за 3,8 проценти.

Пад има и кај бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули минатата година кој е намален за 6,2 проценти. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...