„Виталиа“ на пазарот ја претстави својата нова линија на протеински барови со 35% протеини, во три нови вкусови – путер од кикирики и бело чоколадо, карамел и млечно чоколадо, како и колачи и темно чоколадо.
Протеинот е важна компонента од нашата исхрана кој може значително да делува на метаболизмот и намалувањето на телесната тежина. Оброкот богат со протеини помага да се чувствувате сити, дури и со внес на помали количини. Благодарение на внесот на протеин се гради мускулната маса, се зајакнува имуниот систем, и се одржува потребната цврстина на коските, соопштија од „Виталиа“.
Протеинските барови на „Виталиа“, со својата богата содржина на протеини и високо количество на растителни влакна се идеален оброк во текот на денот.
Дополнителна предност е тоа што се засладени со стевиа, природен нискокалоричен засладувач, кој им дава сладок вкус без покачување на глукозата во крвта, наведуваат од компанијата.
Протеинските барови не содржат вештачки бои и ароми што ги прави уникатни по состав и рецептура.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.