„Агроплод“ АД Ресен преку Македонска берза го пренесе соопштението на „Свислион“, според кое понудата за преземање на „Агроплод“ ја прифатиле 13 сопственици на обични акции со право на глас.
Тие имаат вкупно 7.956 обични акции, што е 30,05 отсто од од вкупниот број акции издадени од компанијата.
Во понудата за преземање не беше определен услов за најмала количина обични акции со право на глас која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна. Врз основа на горенаведеното, понудата за преземање е успешна, пишува во соопштението.
„Свислион“ подолг период е сопственик и најголем акционер во „Агроплод“ каде што поседува 18.126 обични акции, односно 68,41 отсто од акциите.
„Агроплод“ има издадено 21.025 акции. Пред издавањето акции од втората емисија чија книговодствената вредност лани изнесувала 13.563 денари. Годинава е реализирана втора емисија на 5.455 обични акции од компанијата во вкупна вредност од 73.806.150 денари со што вкупниот број на обични акции на целото друштво изнесува 26.480 акции.
Акциите од вотрата емисија ги купи „Свислион“.
Лани компанијата остварила пониска добивка поради пониски приходи и зголемени трошоци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.