Македонија

„Фруктал Мак“ со раст на приходите и пад на профитот

07 Aug 2020

Производителот на сокови „Фруктал Мак” во првите шест месеци од годинава оствари раст на приходите на годишно ниво за два отсто на 12,5 милиони денари, но во исто време забележа и пад на профитот на 4,9 милиони денари во споредба со заработката од 12,5 милиони денари остварена во првото полугодие минатата година.

Според податоците за деловното работење, домашната продажба бележи раст во првата половина од годината за еден процент на 104,7 милиони денари, а од продажба во странство компанијата заработила 90,6 милиони денари, што исто така претставува зголемување на годишно ниво од еден отсто.

Оперативните трошоци на „Фруктал Мак” во посочениот период пораснале за 13 отсто на 209,5 милиони денари, а материјалните трошоци се зголемиле за 8,7 проценти на годишно ниво на 123,8 милиони долари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...