Македонија

Давитковски се повлекуваат-се смени сопственичката структура на „Скопски пазар“

07 авг 2020

Тодорка и Сашо Давитковски, кои заедно поседуваа вкупно 22 отсто од акционерскиот капитал на „Скопски пазар“ веќе не се акционери во Друштвото. Тие на берза пред два дена ги продадоа акциите-оваа информација „Скопски пазар“ ја сподели на сајтот на Македонска берза.

Во соопштението се наведува дека во блок трансакција се истргувани вкупно 17.532 обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје, по цена од 6.169 денари по акција, во вкупна вредност од 108.165.602 денари (1,75 милиони евра).

Досегашниот акционер Тодорка Давитковска изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во „Скопски пазар“, односно 8.055 обични акции, што претставува 11,36 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од „Скопски пазар“ и повеќе не е акционер во друштвото. Досегашниот акционер Сашо Давитковски изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во „Скопски пазар“, односно 7.546 обични акции, што претставува 10,64 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од „Скопски пазар“ и повеќе не е акционер во „Скопски пазар“, пишува во соопштението.

Во  соопштението се додава и дека  ЛИКО-ПРОЕКТ ДООЕЛ стана акционер со над пет отсто во акционерската структура на „Скопски пазар“ со вкупно 17.532 обични акции или 24,71 отсто од бројот на обични акции со право на глас, односно 20,49 отсто од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

Според достапните информации на крајот на минатата година најголеми акционери во „Скопски пазар“ се „Современ дом“ од  Прилеп, со 24,8 отсто од акциите, „ЗСФ ком“ ДООЕЛ Скопје на бизнисменот Фатмир Етеми со 22,72 отсто, и „Скопски пазар“ во чија сопственост се 11,46 отсто од акциите (сопствени акции) и Тодорка и Сашо Давитковски.

„Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри. Во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, врши и сопствена угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), а го поседува е-супермаркетот www.doma.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен е првиот „Рептил Special“

25 сеп 2020

„Леона“ лансира „Леона премиум крем“

25 сеп 2020

6 FMCG Summit Скопје на 26 ноември-онлајн и бесплатен за следење

25 сеп 2020

Истражување: Македонските компании не се преоптоварени со бирократија

25 сеп 2020

„Алкалоид“ донираше дезинфекциски средства за студентските и училишните домови

25 сеп 2020

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

25 сеп 2020
Вчитува уште новости...