Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис организирана од Претприемничкиот сервис за млади (ПСМ) Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно пет грантови по 4.000 евра.
Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија поддршка за почнување на сопствените бизниси се:
-„Беровко Дооел“, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини
-„Анти стрес соба“, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби
-„19 Мотор М“, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор
„Камера Обскура“, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции
-„Маткасе Дооел“, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits).
Акцелераторската програма траеше од април до јуни 2020 година, а имаше за цел да овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години кои имаат идеја за почнување сопствен бизнис.
За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.