Македонија

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

22 Jul 2020
Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од „Битолска млекара“.
 
Следејќи го брзиот раст и развој на своите деца, родителите секогаш се во потрага по начини како да ги надополнат потребите на своите најмили, барајќи совршено балансиран производ, истовремено хранлив и вкусен, кој ќе го вклопат во добрата забава и квалитетното поминато време со своето семејство. Навистина сум горда на портфолиото Битолско чоколадно млеко со 10 витамини кое е одговорот токму на оваа потрага на родителите, на уште еден начин, со вкусно и хранливо млеко да го поттикнат психофизичкиот развој на децата, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Битолска млекара“. 
 
Чоколадното млеко со 10 витамини, во својот состав ги спојува млечните протеини, калциумот и најнеопходните витамини во сооднос што е адекватен за дневните потреби кај сите возрасти, особено кај децата. 
 
Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, кое потпирајќи се на веќе познатото Битолско млеко со 10 витамини оваа година разви портфолио и во категориите јогурт и сладолед.  Достапно е во пакувања од 250ml, 500ml  и 1l. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...