Македонија

ЕУ ќе им помага со 12,5 милијарди евра на земјите од Западен Балкан

22 Jul 2020
Европската Унија(ЕУ) ќе го зголеми износот предвиден за финансирање на земјите кандидати за членство во Унијата за скоро 10% во следните седум години, одлучија шефовите на државите и владите на земјите членки на ЕУ на маратонска, петдневна седница.
 
Износ од околу 12,5 милијарди евра беа договорени од 27 европски лидери на седницата на Европскиот совет. Парите ќе бидат достапни за земјите од Западен Балкан во рамките на претпристапните фондови во текот на следните седум години.
 
Делот од засегнатите пари е наменет за финансирање на надворешно-политичките активности на Унијата, чиј вкупен буџет е намален.
 
Иако се работи за голема сума пари наменети за шест земји од Западен Балкан, целосната нивна интеграција во ЕУ сепак носи значително поголеми придобивки. Пример за тоа е Хрватска, која како најмлада членка на Унијата, ќе добие дури 22 милијарди од заедничкиот буџет во наредните седум години. Тоа е речиси двојно повеќе од сите шест земји од Западен Блакан, кои се наоѓаат во таканаречената „балканска чекална” за влез во ЕУ.
 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...