Македонија

Македонците лидери во регионот по бесконтактно плаќање

09 Jul 2020

Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86 отсто од граѓаните на Македонија се подготвени да вршат бесконтактни трансакции затоа што им носат мноштво предности.

Тоа го покажува првото регионално истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“, кое е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

Според податоците секој четврти граѓанин на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес редовно користи бесконтактни картички, но лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија е Македонија, каде што дури 68 проценти од испитаниците го користат овој метод при плаќање.

Како главни предности на употребата на бесконтактни картички граѓаните ги истакнуваат брзината (65 проценти од корисниците го навело ова како бенефит), едноставност за ракување (65 проценти) и практичност (65 проценти).колу 38 проценти од купувачите кои не користат бесконтактни картички, како причина ја наведуваат тоа што банката не им понудила таква можност, додека девет проценти истакнуваат дека не знаат дека постои таква опција во Македонија, или пак се загрижени за безбедноста во текот на користењето – 18 проценти. Шест проценти од корисниците признале дека не се сигурни како се употребуваат бесконтактните картички.

Во исто време, скоро секој петти потрошувач во нашата земја користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање, додека 77% се запознаени со опцијата мобилен паричник. Околу 68% од корисниците изразиле желба во иднина да плаќаат  преку апликација на мобилните телефони, додека 30% се воодушевени од таквата можност.

Мнозинството од испитаниците ја истакнале практичноста како позитивна околност на ваквиот вид на бесконтактна трансакција и со тоа што „благодарејќи на оваа опција можат да ги остават картичките и готовината дома“.

Една петтина од испитаниците сметаат дека овој вид на плаќање е забавен и интересен бидејќи сакаат да бидат во тренд со остатокот од светот. Како главни недостатоци на мобилниот паричник наведени се безбедноста и ограниченоста на бројот на места каде таков вид на плаќање е овозможено.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...