Македонија

„Макпрогрес“ произведува житни барови со сопствена технологија

09 Jul 2020

Виничката компанија „Макпрогрес“ го прошири продуктното портфолио со линија житни барови Balance.

Како што соопштуваат од компанијата, технологијата  за производство е развиена од тимот технолози на „Макпрогрес“. Новата инвестиција за производство на Balance отвори нови 15 работни места, а се најавуваат уште 30 во следниот период.

Во време кога сите сме соочени со големи предизвици, здраствени и економски, одлуката да опстоиме на плановите и визиите беше посилна од сè. По долг период на напорна работа и истражување, нашиот тим технолози ја разви новата линија за производство на барови. Особено горди нè прави фактот што станува збор за сопствена технологија. Со оваа линија барови ја надополнуваме палетата производи и ги зголемуваме можностите за развој во сегмент, во кој досега не сме биле присутни, велат од „Макпрогрес“.

Житните барови Balance се произведени од интегрален овес, ориз и пченка, интегрални колачиња (од интегрално брашно и интегрален овес). Засега на пазарот се лансирани три вкуса: бел крем, чоколадо и сушено црвено овошје. Баровите се достапни во две варијанти – поединечно пакување (23 г) и комбо-пакување (5 X 23 г).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...