Македонија

Францускиот Gifard отсега и во Македонија

09 Jul 2020

Еден од најпрепознатливите производители на сирупи и ликери во светот, францускиот Gifard е најновиот бренд во широкото портфолио на производи кои „Гемак“ ги увезува и ги дистрибуира во Македонија, соопштија од „Гемак“. 

„Гифард“ е семејна компанија која веќе 130 години произведува уникатни ликери и сирупи направени исклучиво од домашно одгледувани плодови и билки. 

Автентичноста на нивните производи е во самостојното одгледување и производство на француската шеќерна репка од која се добива шеќерот, како една од главните состојки на нивните производи, се вели во соопштението од „Гемак“.

Од богатото портфолио на Gifard производи, во моментов кај нас ќе бидат достапни 18 сирупи и 13 ликери.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...