Македонија

„Макпрогрес“ развива регионална академија и центар за иновации со поддршка од ЕБОР

07 јул 2020

Компанијата „Макпрогрес“ почна проект за основање тренинг центар за обуки кој ќе служи како за потребите на „Макпрогрес“, така и за потребите на бизнис професионалците од регионот. Се очекува да почне да работи оваа есен.

Во рамките на тренинг центарот планираме да воведеме модерна лабораторија за истражување и развој за прехранбените технологии во пекарската и кондиторската индустрија, технолошко следење и аналитика, развој на нови производи, анализа на постоечки и нови сировини, како и тест проби со процесна опрема. Ќе развиваме соработка со научни институции, средни училишта и старт-ап компании. Во рамки на центарот ќе постои и креативен кампус со ко-воркинг околина за промовирање на иновации со неколку сектори: креативна кујна, оддел за продажба, дел за маркетинг, дизајн и креирање амбалажа, мехатроника, сензорика и технологија, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“. 

Проектот е финансиран од Владата на Јапонија преку Фондот за соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

ЕБОР полага особено внимание на улогата на приватниот сектор во насока на развој на вештини, имајќи во предвид дека компаниите се најдобро поставени да ги идентификуваат вештините потребни за нивните вработени да бидат продуктивни и да постигнат најдобри резултати. Она што е особено вредно за внимание е фактот дека успешна компанија како „Макпрогрес“ се вклучува во обуки за потребите на пошироката заедница и за останатите компании кои се лоцирани во регионот. Ние сме многу среќни што можеме да ја поддржиме оваа значајна иницијатива, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Скопје.  

Македонската менаџмент консалтинг платформа за експертска поддршка, „ПрајмПоинт Партнерс“ (PrimePoint Partners) е избрана за целосно спроведување на овој проект во делот на креирање на брендот, дефинирање на програмите, утврдување на содржината и динамиката на предавања, селекција на професори/обучувачи, обука на обучувачите, спроведување на програмите, упис и селекција на кандидати, план за одржливост, мониторинг и евалуација. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...