Македонија

Со субвенционирање на плати досега се вработени 1.346 лица

06 јул 2020
Активните програми и мерки за вработување и во услови на криза им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници, при што над илјада работни места се поддржани само со мерката „Субвенционирање на плати“ , за која компаниите покажаа исклучителен интерес, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
 
Агенцијата за вработување досега распиша два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на месец мај, а досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa.
 
Со овие два огласи, поддржани се вработувања на 663 лица до 29-годишна возраст и на 663 жени, а финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари. Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12 месеци. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци, соопштија од МТСП. 
 
Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници, па Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Утре е последен рок за пазарување со домашните платежни картички

07 авг 2020

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против Ковид-19

07 авг 2020

Донација од маркетите КАМ за Црвен крст

07 авг 2020

Профитот на „Европа“ зголемен за 64 отсто

07 авг 2020

Винарниците предупредуваат: Винската индустрија е пред целосен колапс

07 авг 2020

СКСЗМ: Економијата да биде приоритет на новата влада

07 авг 2020
Вчитува уште новости...