Македонија

Сашко и Панде Самарџиоски мнозински сопственици на „Прилепска пиварница“

02 јул 2020

Врз основа на договор за дар Кирил Самарџиоски, досегашниот мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на Прилепска пиварница им ги подари акциите на своите деца.

Врз основа на договор за дар извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност на нетрговски пренос на хартии од вредност (обични акции) со што акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска се стекнаа со по 12.500 обични акции со право на глас, стои во соопштението на Македонска берза.

Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска сега поседуваат еднаков дел од компанијата. Двајцата имаат по 14.500 акции или по 36, 32 отсто од основната главнина на „Прилепска пиварница“ 

Сашко Самарџиоски е член на Управен одбор и генерален директор на пиварницата, а неговата сестра Панде Самарџиоска е член на Управен одбор и заменик генерален директор.

Кирил Самарџиоски кој до 29.06.2020 година поседуваше 25.000 обични акции со право на глас, по спроведениот договор за дар повеќе не поседува акции во „Прилепска пиварница“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Утре е последен рок за пазарување со домашните платежни картички

07 авг 2020

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против Ковид-19

07 авг 2020

Донација од маркетите КАМ за Црвен крст

07 авг 2020

Профитот на „Европа“ зголемен за 64 отсто

07 авг 2020

Винарниците предупредуваат: Винската индустрија е пред целосен колапс

07 авг 2020

СКСЗМ: Економијата да биде приоритет на новата влада

07 авг 2020
Вчитува уште новости...