Од петок, 26 јуни, без ниту еден услов ќе може да се влегува во Македонија на сите гранични премини. Движењето на патниците и возилата ќе биде слободно, без приложување ПЦР тест и задолжителна домашна изолација или државен карантин, одлучи Владата.
Од 1 јули ќе бидат отворени и двата меѓународни аеродроми, во Скопје и во Охрид.
Истовремено се укинува и забраната за организиран превоз на патници.
Ново релаксирање на мерките има и за угостителски објекти кои од петок, исто така ќе можат да работат и во внатрешноста на објектите со почитување на пропишаниот протокол за работа. Од петок ќе биде дозволена работата и на теретаните и вежбалните, а моловите ќе можат да работат и во неделите.
Во последното деноноќие во земјата се регистрирани 118 новозаразени со Ковид-19, а четири лица починале како резултат на болеста. Најголемиот број нови случаи се во Скопје-55 и во Тетово-20.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.