Амбасадата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“, во партнерство со „Алкалоид“, средното медицинско училиште „д-р Панче Караѓозов“ и со Фармацевтскиот факултет при УКИМ, почна со реализација на обука за лабораториски техничари.
Проектот е наменет за обука на кандидати со средна стручна подготовка, на возраст од 18 до 29 години, кои не се во работен однос. Практичниот дел од обуката ќе се одвива во лабораториите на „Алкалоид“.
Почнуваме со првата група од 18 кандидати, од вкупно 30 предвидени со проектот, а по завршувањето на вториот круг од обуката, 15 од регрутираните ќе ја почнат кариерата во лабораториите на сегментот фармација во „Алкалоид“. Во рамките на овој проект, швајцарската интеркооперација „Хелветас“ обезбеди средства во висина од 500.000 денари, а „Алкалоид“ ќе вложи дополнителни 3,7 милиони денари од сопствените ресурси, истакна Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“.
Извор: Стопанска комора на Македонија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.