Македонија

Новитет од „Бимилк“ – сладолед со 10 витамини

04 Jun 2020

„Битолска млекара“ и „Цермат“ го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Поради неговиот состав производот е наменет за сите возрасти, а особено за децата. Произведен е со Битолско млеко, што придонесува за богатиот млечен вкус.

Бимилк“ и „Цермат“ повеќе од две години работеа активно на развој на овој производ, мотивирани пред сè од потребата на потрошувачите, да им понудат млечен десерт на своите најмили. Присуството на 10 витамини, нутритивните карактеристики и високо-квалитетното полномасно млеко, го прават корисен во поглед на исхраната, изјавија од „Бимилк“.

Новиот производ е резултат на првата соработка меѓу двете водечки компании во земјава. Сладоледот според составот е единствен на нашиот пазар а е резултат на искуството и современата технологија на „Цермат“, збогатена со искуството и знаењето на „Бимилк“.

Следејќи ги највисоките стандарди за квалитет и производство на сладолед со најсофистицирана опрема и европски стандарди, и овој пат произведовме сладолед кој со својот патентиран изглед и форма, но и одлично балансиран сооднос на состојки, претставува уникатен сладолед во нашата држава и во регионот. Нашата цел е континуиран развој на производството на сладолед и збогатување на нашето портфолио преку постојано инвестирање во иновации на пазарот, изјавија од „Цермат“.

Производот е достапен е со два преливи, бело белгиско чоколадо и темно белгиско чоколадо. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...