Македонија

Арсовска: Економските мерки итно да продолжат уште 2 месеци

02 јун 2020

Во услови на здравствено-економска криза, претпријатијата се соочуваат со предизвик за нивен опстанок, а економијата бележи стрмоглав пад. Особено на удар се претприемачите, малите и средни компании кои се столб на националната економија, кои вработуваат над 80 отсто од вкупниот број вработени граѓани во приватниот сектор и претставуваат 99,8 % од регистрираните правни субјекти.– Сојузот на стопански комори на Македонија, иницира продолжување на економските мерки за финансиска поддршка на Владата, итно за дополнителни два месеци.

Неопходно е и продолжување на сите мерки за одложување на побарувањата по основ на даночни аконтации, кредити, како и на казнени и затезни камати до крајот на годината. Согласно анализите на Сојузот, голем број претпријатија се сериозно засегнати од кризата, а дел немаат воопшто никакви приходи за да ги покријат основните месечни трошоци. Во таа насока, следејќи ја моменталната состојба, предизвици со кои се соочуваат претпријатијата се бројни, како нарушена ликвидност, борба за задржување на работните места и борба за опстанок поради неможноста за вршење дејност, изјави Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Арсовска додаде дека на приватниот сектор му е неопходна институционална поддршка за да се овозможи економијата да биде во континуирано движење. Иницијативата на Сојузот, официјално е доставена и до Владата за итно разгледување.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...