Македонија

„Филип Морис ТКП“ го лансираше IQOS во земјава

27 May 2020

Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија е во продажба и во Македонија.

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.

IQOS е производ на кој Филип Морис работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од „Филип Морис интернешнл“, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот избраа да преминат од цигарите на овој производ. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП).

Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на „Филип Морис интернешнл“ и „Тутунскиот комбинат Прилеп“ основана во 2014 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...