Македонија

Денеска се очекува одлуката за угостителите

26 мај 2020

Уште не се знае кога угостителските објекти ќе почнат со работа, за тоа треба денеска да се расправа на владината седница.  

Комисијата за заразни болести ги достави препораките за кои Владата треба да одлучи, а некои од нив се: ограничен број на посетители, растојание меѓу масите, можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

Мерките кои треба да се исполнат за да отворат угостителските објекти се ригорозни. Се дозволува работа со 30 проценти од капацитетите, а трошоците за плати, сметки, кирии, остануваат исти. Со ваков протокол нема економска логика голем дел од нив да ги отворат терасите, изјави Мартин Ангеловски од Угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Најголем револт кај угостителите има што властите наложуваат една маса на отворените тераси да биде во радиус од речиси десет метри квадратни. И на таа маса да може да седат најмногу четири лица, но само во случај тие да се од потесното семејство. Доколку не се роднини ќе може на истата маса да седат само две лица. Дополнителен проблем на угостителите им претставува и предлог протоколот кој не дозволува во прво време за гости да функционира и внатрешниот дел од објектот, туку гости само да се примаат на летните тераси.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...