Македонија

Стопанската комора избра нов Управен одбор

22 May 2020

Стопанската комора на Македонија доби нов состав на Управниот одбор, за мандатниот период 2020-2025 година. Изборот беше направен на последната седница на Собранието на Комората, што се одржа завчера во хотелот „Белви“ во Скопје. 

Од 23-те члена, 15 се претставници на големи индустриски капацитети кои се од редот на најголемите извозници во македонската економија, 2 се претставници на градежниот сектор, додека преостанатите се претставници од областа на услужниот сектор, односите со јавност и корпоративни комуникации, како и од научната јавност и меѓународните организации. Во насока на обезбедување на рамномерна родова застапеност, 26% од предложените кандидати се жени. 

Сметам дека предложените членови, со оглед на нивните професионални квалификации, искуството и посветеноста кон активностите на Стопанската комора на Македонија соодветно ќе придонесат за правилно насочување на активностите на Комората согласно зацртаните стратешки приоритети, со особен фокус на индустријата и извозот, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. 

Членови на Управниот одбор се:

▸   м-р Ангелка Пеева Лауренчиќ, ИМАГЕ ПР, Скопје

▸   Антоније Мариноски, ОРКА ХОЛДИНГ, Скопје

▸   Борче Илиоски, М-6 СВЕТЛАНА И ОСТАНАТИ ДОО, Скопје

▸   Герасим Кујунџиев, ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ, Возарци

▸   Глигор Цветанов, МАКПРОГРЕС, Виница

▸   д-р Анита Блажевска, ФИЛИП МОРИС СКОПЈЕ (ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП) ДОО, Скопје

▸   д-р Драгана Чифлиганец, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ, Скопје

▸   Иле Николов, АКТИВА, Штип

▸   Ирена Јакимовска, КОМФИ АНГЕЛ, Прилеп

▸   Мартин Велковски, ФАКОМ, Скопје

▸   м-р Александар Гечев, ИГМ ТРЕЈД, Кавадарци

▸   м-р Анатол Кутревски, ПЕКАБЕСКО, Скопје

▸   м-р Виктор Мизо, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, Охрид

▸   м-р Зоран Мартиновски, КАНЦЕЛАРИЈА НА СВЕТСКА БАНКА СКОПЈЕ, Скопје

▸   м-р Зоран Милковски, ГРАНИТ, Скопје

▸   Никола Деребанов, ПЕРМИНДЕКС, Градско

▸   Никола Љушев, МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, Скопје

▸   Олег Телној, САСА, Македонска Каменица

▸   Петар Спасески, АСП-ПАК, Охрид

▸   проф. д-р Ирена Кикеркова, Универзитет Св.Кирил и Методиј - Економски факултет, Скопје

▸   Сашко Самарџиоски, ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, Прилеп

▸   Соња Бибановска, МАКЕДОНИЈАТУРИСТ, Скопје

▸   Тодор Анѓушев, МАЛИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ, Скопје

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...