Македонија

Се враќа карантинот, полициски час од сабота попладне до вторник наутро?

20 мај 2020

Комисијата за заразни болести ѝ предлага на Владата карантинот за време на продолжениот викенд да трае од 19 часот в сабота до 5 часот во вторник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека овој предлог е утврден на денешната седница на Комисијата за заразни болести, за што конечната одлука треба да ја донесе Владата.

Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица, рече Филипче.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Почна дистрибуцијата на пакети, донација од „Империал тобако ТКС“

01 јун 2020

За два дена 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

01 јун 2020

„Лидл“ влегува во Македонија?

01 јун 2020

Барања за финансиска поддршка за мајската плата се поднесуваат до 7 јуни

01 јун 2020

Арсовска: Економските мерки итно да продолжат уште 2 месеци

01 јун 2020

ДЗС: 9.075 слободни работни места во првиот квартал

01 јун 2020
Вчитува уште новости...