Македонија

Дали новите правила на Регулаторна комисија ќе предизвикаат штети?

14 May 2020

За да се обезбеди конкурентност на пазарот со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги(РКЕ) донесе измени кои се однесуваат на густините на нафтените деривати и горива за транспорт во Правилник за  формирање највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

Со измените се усвоени просечните вредности на густините на нафтените деривати кои се одредени врз основа на податоците дадени од Царинската управа, изјави за InStore претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Од „Макпетрол“ соопштија дека донесените измени може да предизвикуваат сериозни штети врз работењето на компанијата. Тие сметаат дека признаените набавни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од страна на РКЕ се пониски од реално набавните цени за трговците, што предизвикува значителни загуби во работењето.

Од РКЕ истакнаа дека добиле забелешки од повеќе компании.

Во изминатиот период имаме забелешки на овие измени од „Макпетрол“, „Лукоил“ и „Супер трејд“. Ги анализираме нивните забелешки и во следниот период ќе излеземе со став за да го надминеме ова прашање, истакна Марко Бислимоски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...