Македонија

„Макпрогрес“ и „Дониа“ со донација од 300.000 денари за Центар за јавно здравје-Битола

11 May 2020

„Макпрогрес“ и „Дониа“ донираа 300.000 денари на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола со цел обезбедување услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на ковид-19. 

Одговорноста на секој поединец, организација и институција во овие вонредни услови е повеќе од потребна. Ова е посебно важно кога животот и здравјето на сите нас е во прашање. Ние како корпорација заедно со „Дониа“ од Прилеп како одговорни чинители во оваа наша заедница позитивно одговоривме на барањето на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола за донација на финансиски средства со цел обезбедување услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на ковид-19. Како никогаш до сега сме исправени пред предизвикот кој нанесува огромна штетa и човечкa и материјалнa. Последиците со кои се соочуваме, но и допрва ќе се соочуваме од нас бараат да се бориме сите заедно и да создадеме побезбедни услови за живот и работа, соопштија од „Макпрогрес“.

Придобивките од почетокот на тестирањата се од големо значење за животот и здравјето на населението од регионот што го покрива ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...