Македонија

Alpsko со појадок им се заблагодари на медицинските работници

30 Apr 2020

Вработените во „Лакталис МК“ деновиве иницираа акција за поддршка на медицинските работници на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје.  

По примерот на многу поединци и компании кои несебично се вклучија во поддршка на медицинските работници локално и глобално, Alpsko самоиницијативно одлучи да дистрибуира бесплатни појадоци за вработените на Клиниката за инфективни болести и со тој скромен гест да им се заблагодари за сета грижа и пожртвуваност во ова време на пандемија. Беа испорачани 180 оброци (јогурт и домашно пециво) според распоредот на докторите и целиот медицински персонал на Клиниката. 

Сакавме да им се заблагодариме на сите здравствени работници за сé што прават за здравјето и безбедноста на нашите граѓани. Свесни сме дека во вакви тешки моменти секоја помош е добредојдена и на овој начин одлучивме барем малку да им олесниме на сите што несебично се борат со овој огромен предизвик. Здравствените професионалци се луѓе што си ја вршат својата работа совесно и одговорно и ние сме многу благодарни за тоа, изјави претставник од Alpsko. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...