На денешната седница на Владата донесена е одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела ќе им биде дозволено движење на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
За лицата над 67-годишна возраст, в петок, сабота и в недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, в петок, сабота и в недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.
Остануваат во сила сите други мерки за заштита од ковид-19 донесени од Владата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.