„Пакомак“ донира специјални игло контејнери од 1,5 m3 за стакло во општините Пехчево, Берово и Каменица, со цел подобрување на комуналната инфрастуктура и овозможување селективно одложување на отпадот.
На граѓаните во овие општини им се олеснува процесот на селективно одложување на отпадното стакло, за да не заврши во депониите, туку да се однесе на рециклирање, се наведува во соопштението на „Пакомак“.
Во меѓувреме, „Пакомак“ потпиша и меморандум за соработка со ГИЗ за поставување инфрастуктура за собирање стаклена амбалажа и едукација на населението за придобивките од селектирањето на амбалажниот отпад. Целта е да се утврди најдобрата практика за собирање на стаклото, која потоа ќе се имплементира низ целата земја.
Само со еколошко однесување, ќе имаме помалку диви депонии, почист воздух и поквалитетна почва. Местото на отпадот е во специјално назначените контејнери, а не во реките, на улиците и во парковите. Чистата животна средина треба да биде постојан предизвик, и сите да придонесуваме кон тоа. Денес кога времето го минуваме дома во изолација, како никогаш досега не ни недостигал престојот во природа и социјализацијата со другите. Токму затоа, треба да се грижиме за локалната средина, да ја зачуваме, и да бидеме горди со високото ниво на чистота и убавина на нашите локални средини. Тие се наши, тие се огледало на жителите што живеат во нив, велат од „Пакомак“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.