Македонија

„Европа“ ќе исплати дивенда во бруто износ од 225.000 евра

14 Apr 2020

Фабриката за чоколади „Европа“  ќе исплати дивиденда во бруто износ од 225.000 евра  (13.802.040 денари), соопшти компанијата  преку Македонска берза. 

Висината која ќе се исплаќа за една акција е  бруто 60 денари, а ќе биде исплатена најдоцна до 30.09.2020 година.

Компанијата лани оствари добивка од  околу  1,2 милиони евра ( 73.148.327 денари), што е за 21,5 отсто пониска од 2018 година.Покрај за дивиденда од оваа добивка околу 150.000 евра ( 9.029.207 денари) ќе бидат поделени за награди на членови на одборот на директори. Поединечниот износ на наградите на членовите ќе го определи Одборот на директори на посебна седница

Од добивката  818.000 евра  (50.317.080  денари)  е одлучено да останат нераспределени.

Овие одлуки треба да ги потврди собранието на акционери закажано за 14 мај.

Извор: plusinfo.mk 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...