Македонија

„Рамстор“ ги исполнува безбедносните превентивни мерки

13 Apr 2020

За да го заштити здравјето на потрошувачите и вработените, „Рамстор“ – Македонија секојдневно ги зголемува мерките за безбедност на повисоко ниво.

Постојано потсетуваме и повикуваме на почитување на превентивните мерки, како што се одржување на меѓусебното растојание од 1,5 метар и препорака до потрошувачите да користат бесконтактно плаќање. Изразувам голема благодарност на сите банки, кои излегоа во пресрет на нашето барање, со тоа што овозможија бесконтактно  плаќање до 2.000 денари, вели Ајхан Узун, генерален директор на „Рамстор“ – Македонија.

Тој додава дека вложуваат максимални напори за сите потрошувачи да се чувствуваат добредојдени и безбедни во маркетите „Рамстор“ и потсетува дека дневно петпати се дезинфецираат сите колички, кошници за пазарување, ПОС-уреди и каси. Узун им се заблагодарува и на сите доставувачи, кои се заслужни за полиците да бидат полни, како и на сите вработени, кои  работат со голема посветеност и пожртвуваност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...