Македонија

„Фајнанс тинк“: Пад од 3,8 проценти на македонската економија

11 Apr 2020

Институтот за економски истражувања и политики, „Фајнанс тинк“,прогнозира пад од 3,8 отсто на економијата годинава.

Најголем интензитет на падот се очекува во вториот квартал од дури 12.7 отсто, економска консолидација се очекува да почне од третиот квартал.

Според „Фајнанс Тинк“, мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе останат на сила во целосен интензитет најмалку до крајот на месецов, по што ќе следува постепено олабавување до втората половина на следниот месец. Фирмите во секторите угостителство, хотелиерство и трговија на мало кои беа затворени, позначајно ќе ја вратат својата активност кон средината или крајот на мај 2020 година;
Фирмите кои се дел од меѓународните синџири на снабдување постепено ќе ја воспостават меѓународната трговија во првата половина од јуни 2020 година;

 Мерките за помош на фирмите од Владата кои се објавени досега ќе бидат во полна имплементација најдоцна до почетокот на следниот месец оневозможувајќи нагло скок на невработеноста (отпуштање на работниците, наместо нивно задржување со помош на владините мерки);

Потенцијалниот недостиг на средства за финансирање на објавените мерки и нови мерки кои евентуално би биле донесени ќе бидат обезбедени навремено од домашни или меѓународни извори на финансирање, така што довербата на економските агенти во носителите на економските политики нема да се соочи со драстични падови.

Според Институтот, доколу се случи поскорото олабавување на рестрикциите од здравствените власти ќе се забележи намалување на проектираниот пад  додека, пак, пролонгирање на овие рестрикции, особено во услови на забрзување на растот на бројот на заразени лица, ќе го зголеми проектираниот пад.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...