Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, на денешната прес конференција во Владата истакна дека е покрената иницијатива за зелени коридори каде што сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24 часовна работа на гранични премини за увоз и извоз на стока.
Исто така ќе се обезбеди заедничка листа на стоки во рамките на ЦЕФТА што ќе имаат приоритет за минување на таканаречените зелени коридори. Тука се опфатени свежите земјоделски производи, лековите и медицинската опрема.
Танасоски истакна дека вкупната вредност на извозот за периодот јануари-март изнесува 1,41 милијарда евра, што е поголемо за околу 210 милиони евра во однос на 2019 година.
Од 1 април царинската постапка за извоз е целосно без хартија. Тоа практично значи дека секој извозник покрај тоа што не треба да поднесува хартиена царинска декларација, не е потребно да ги поднесува ниту другите придружни царински документи. Оваа дигитализација придонесува до избегнување на физички контакт помеѓу економските оператори и царината, рече тој.
За да се олесни работата на економските оператори, продолжен е рокот на важење до 30 септември на сите одобренија за поедноставени царински постапки што истекуваа на 31 мај.
За време на траење на полицискиот час дозволено е движење на транзитна стока при увоз и извоз. Донесена е одлука и за стимулирање на домашното производство, односно укината е царината за извоз на замрзнато свинско месо.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.