Македонија

„Бовин“ испорачува вино до дома

09 Apr 2020

Винарницата „Бовин“ од вчера почна со испорака на производите до домот на потрошувачите, која ќе функционира секој работен ден од 8 до 15:30 часот.

Целта на овој потег, што е голема новина за винарницата, е да се заштити здравјето на сите граѓани.

Доставата на производите се спроведува речиси низ цела Македонија, односно во градовите каде што „Бовин“ има дистрибутери, а во помалите градови испораката може да биде преку брза пошта. Вината може да се нарачаат на мејл или на телефонските броеви објавени на фејсбук-страницата Bovin Winery.

Нема минимална сума за нарачката, а цените на вината се исти како во маркетите, со вклучена достава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...