Македонија

Приходите од извоз на „Пекабеско“ во 2019 година се повисоки за 13,3%

06 Apr 2020

Нето-добивката на „Пекабеско“ од јануари до декември 2019 година изнесуваше 110.808.000 денари, за 6,8% пониска од 2018 година, кога изнесуваше 118.847.000 денари.

Главна причина за намалената нето-добивка е покачувањето на трошоците за вработените и поскапување на суровината на свинското месо, се наведува во образложението за остварените консолидирани резултати на „Пекабеско“, објавено на Македонска берза.

Остварените вкупни приходи од работењето на „Пекабеско“ од јануари до декември 2019 година изнесувале 5.046.778.000 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2018 година, бележат пораст од 5,4%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7%, имаат приходите остварени од продажба на готови производи, стоки и услуги, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст за 5,3%. Приходите од извоз изнесуваат 655.789.697 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година се повисоки за 13,3%.

Во однос на планот и очекувањата за следниот период, во образложението се наведува: Исполнувањето на финанскиот план за 2019 година е извршено со 103,1% во делот на приходите од продажба и со 86,8% во делот на добивката. За наредниот период очекуваме приходите од продажба и добивката да се исполнуваат во согласност со планираните резултати.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...