„Лакталис“ – Македонија и брендот Alpsko, во соработка со Општина Центар и невладината организација „Банка за храна“, донираа 2.300 млечни производи за социјално загрозените семејства од оваа општина.
Оваа донација е најдобар доказ за постоењето на хуманост и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека донацијата со неопходни млечни производи – млеко, јогурт и кисело млеко, ќе им го олесни извесен период секојдневието на најзагрозените семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена, изјавија од „Лакталис“ – Македонија.
Дополнуваат дека оваа донација е само еден од низата чекори што ги презема компанијата за да им обезбеди достоинствен животен стандард за тие што имаат потреба од помош.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.