„Лакталис“ – Македонија ги презема сите мерки за претпазливост, со кои се намалува ризикот за проширување на вирусот Ковид-19, информира компанијата преку соопштение.
Превентивните мерки се преземаат за заштита на вработените, но и на купувачите. „Лакталис“ – Македонија е целосно организирана за да обезбеди непрекината услуга за купувачите и ќе продолжи редовно да ги снабдува продажните објекти на целата територија на земјава. Магацинскиот простор на компанијата располага со доволно залихи за претстојниот период. Производствените погони се беспрекорно организирани според највисоките стандарди, се наведува во соопштението на компанијата.
Оттаму искажуваат голема благодарност до сите вработени во „Лакталис“ – Македонија, кои, како што се наведува, со професионалноста, самоодговорноста, трпението и со мотивираноста придонесуваат за ситуацијата да остане под контрола.
Апелираме граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат до мерките на Министерството за здравство. Испраќаме желби за добро здравје и брзо надминување на новонастанатата ситуација и истовремен, им се заблагодаруваме на медицинските лица за нивната континуирана грижа во овие тешки моменти, нагласуваат од „Лакталис“ – Македонија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.