Македонија од вечерва е во вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот. Истата ќе трае 30 дена, со можност да се продолжи уште за 30. Одлуката ја соопшти претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Ова е првпат во историјата земјата да е во вонредна состојба.
Фактот што првпат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, рече Пендаровски во обраќањето.
Тој ги повика граѓаните да ги одложат патувањата, апелираше на смиреност, одговорност и солидарност.
Епидемијата значително ги оптовари ресурсите на државата. И веќе во овој момент, штетите за фирмите кои не работат се огромни. Тука Владата мора да понуди значителна помош и поддршка. Како држава и како граѓани не очекуваат тешки денови, но како претседател немам никакви дилеми во исправност на одлуките кои ги носам, очекувам и од Владата која ќе има голема одговорност да биде на висина на задачата. Очекува Владата, министерствата, ЦУК, Дирекцијата за спасување, и од сите инволвирани на дневно ново за информираат за сите активности и за ажурирањето на плановите за справување“, рече Пендаровски.
На граѓаните кои се во странство, им рече: Најпаметно е да останете во земјата во која сте. Добредојдени сте дома, но мора да ги почитувате сите мерки кои се пропишани, а тоа значи дека може ќе бидете сместени и во карантин.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.