Македонија

Пендаровски: Можна е рецесија, маф ни е работата!

17 Mar 2020

Полека влегуваме и во сериозна економска криза. Може да влеземе во рецесија. Според некои информации штетите само во угостителскиот сектор до крајот на месецов ќе бидат 70 милиони евра. Ако сето ова продолжи уште еден месец вкупната штета може да дојде и до 700 милиони евра, рече во вечерашното интервју за ТВ Телма Стево Пендаровски, претседател на Македонија

Таа резерва од 500 или 700 милиони евра нашиот буџет ја нема. Тие пари ќе мора да се позајмат. Маф ни е работата. Луѓе, заборавете на партиите, дајте да видиме што може да направиме да ја надминеме оваа криза. Стопанството веќе сега е на колена. Мораме да направиме државна стратегија. Власта и опозицијата да ги остават на страна тие препукувања и да седнат да дефинираат државна стратегија. Не може политички да се профитира од оваа ситуација. Сите подеднакво сме засегнати од ова, рече Пендаровски.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...