„Македонија2025“ го објави отворениот повик за ЛИДЕР проект-обука за бизнис и претприемништво, која по 13-ти пат ќе се одржи од 4 до 16 мај во Скопје.
ЛИДЕР проектот се реализира во соработка со Ivey Business School-Western University, кои обуката ја спроведуваат уште од 1991 година. Целосно бесплатната обука претставува десетдневна програма за менаџмент и бизнис администрација (МBA - Management and Business Administration), која има за цел да ги охрабри и поттикне македонските претприемачи да развијат локални или регионални бизнис решенија што ќе создадат нови можности за општествен и економски развој, соопштија од „Македонија 2025“.
Обуката се препорачува за претприемачи, менаџери, сопственици на компании, млади професионалци кои сакаат својата бизнис идеја да ја претворат во реалност, како и за сите кои сакаат да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото.
Повикот е отворен до 1 април.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.