Од денес официјално почнува пријавувањето за шестиот натпревар „Зелени идеи 2020“, во организација на АРНО.
Здружението за социјални иноваци АРНО (Асоцијација за развој на нови опции), во соработка со „Фондот на браќата Рокфелер“ од САД, го распишува конкурсот за избор на идеи и проекти на претприемачи што промовираат традиционална изработка на производи, користат ресурси од локалната заедница и потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Од годинава новина е што апликантите можат да аплицираат во една од двете категории. Првата е категоријата за зелени концепти (ембрионски идеи), со барање за поддршка до 5.000 долари, на која можат да аплицираат физички лица. Втората е категоријата за зелени идеи, со барање за поддршка до 10.000 долари, на која можат да аплицираат само правни лица.
„Филантропија за зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис-идеи во Западен Балкан: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ, Србија и во Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар.
Натпреварот е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој и од асоцијацијата за менаџмент-консалтинг „МКА-2000“. Повикот за доставување на зелени идеи за 2020 година е објавен на веб-страницата zeleniidei.mk и е отворен до 10 април (23:59 часот).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.