Македонија

Недела неработен ден, а работниците да се плаќаат од час

29 Jan 2020

По пример на земјите од регионот и македонската влада планира неделата да биде неработен ден за сите, а работниците да се плаќаат од час.

Владата размислува на оваа тема по реакциите на работниците во секторите каде што се работи прекувремено, во недела и за празници. Истовремено ваквите барања доаѓаат од работниците кои имаат најниски плати во земјава како што се текстилните работници, вработените во супермаркети, трговски центри и градежни работници.

Во Министерството за труд и социјална политика се размислува да се донесе ново законско решение со кое ќе бидат решени овие прашања. Токму деновиве го навести вицепремиерката за економски прашања, а поранешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. 

Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на кои треба да работиме идниот период. За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите, изјави Царовска.

 Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, бараат саботата да биде неработен ден и да не се работи повеќе од 38 часа неделно. ССМ достави свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година, според кој сабота и недела треба да се денови за неделен одмор. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...